Дожд и ветер - вакво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има слаб локален дожд, особено во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Утринската температураво земјава ќе биде во интервалот од -2 до 7, а дневната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне променливо со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температураќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во сабота ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд, а во недела ќе има преодно стабилизирање на времето. Во почетокот на наредната седмица ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега