Кисела Вода го одбележа Денот на книгата

 По повод Денот на книгата, во Општина Кисела Вода денеска се одржа културната манифестација насловена „Тајните на волшебната библиотека“, во организација на Советот на општината.

- Советот го организира ова литерарно случување, кое е дел од програмата. Манифестацијата има за цел да ја подигне читателската моќ и да ја доближи книгата до децата, уште од најрана возраст, истакна Весна Бошковска, советник во општина Кисела Вода и претседател на Комисијата за образование при Советот.

Учениците од сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода, пред присутните директори на училиштата, пратеници, претставници од министерствата за образование и труд и социјална политика, дадоа свое видување на она што за нив значи пишаниот збор.

Гостин на манифестацијата беше детскиот автор Горјан Петрески, кој зборуваше за своите писателски пориви и инспирацијата која го довела до најомилените детски романи. 

На манифестацијата „Тајните на волшебната библиотека“, Советот додели благодарници и донација-книги за секоја училишна библиотека

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега