ВИДЕО: Берлускони осуден седум години затвор
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони е осуден на седум години затворска казна поради секс со малолетничка. Тој беше обвинет дека во 2010 година неколку пати на своите забави и плаќал на 17 годишната Руби за сексуални услуги. На почетокот и Берлускони и Руби го негираа тоа, за потоа девојката да признае дека од Берлускони добила 7000 евра но дека тие пари и биле подарок. Берлускони изјави дека е невин и дека ќе се жало на второстепениот суд.
Од друга страна во Италија веќе проструија и информации дека поранешниот премиер иако е осуден нема да одлежи ни еден ден затворска казна поради брјот на годините (над 70). Имено има уште две нивоа на апелација, што значи дека може да поминат години пред Берлускони да оди во затвор, ако воопшто се потврди пресудата. А и ако се потврди вината на Силвио, согласно италијанскиот правен систем тој може да оди во домашен притвор или под казна да врши општокорисна работа, што им се дозволува на осудениците постари од 70 години.