Финансиска полиција изврши рација во италијанските фудбалски клубови

Во Италија во 41 фудбалски клуб од Серија А и Серија Б како и некои дел од екипите во пониските ранг лиги, беа посетени од страна на финансиската полиција со цел да се утврдат договороти на играчите, тренерите и менаџерите за да се елиминира секаков сомнеж за избегнување и прикривање на данок или перење на пари. Акцијата ја наредил обвинителот од Неапол. Според обвинителот до него стигнале информации дека голем број на фудбалери примале пари на рака со цел да ги избегнат давачките кон државата. Меѓу сомнителните екипи се наоѓаат и италијанскиот шампион Јувентус, Милан и Лацио. Клубовите се сомничат за криминално здружување со цел да избагнат плаќање на огромни суми на пари на име на данок при трансфер на играчи. 

Рацијата на италијанската полиција се спроведува во период кога репрезентацијата на Италија се наоѓа во Бразил на Купот на конфедерации и треба да игра полуфинале со Шпанија.

најчитано сега