Крвав инцидент во тетовско
Во текот на вчерашниот ден околу 12 часот и 45 минути пред угостителски објект во селото Камењане,тетовско, додека 19-годишниот Ш.Ј. се качувал во комбе, 28-годишниот Б.А. и 23-годишниот С.А. насилно го извадиле од комбето и физички го нападнале удирајќи го со тврд предмет во пределот на главата и телото.
Според податоците од полицијата, од нападот момчето се здобило со телесни повреди, по што е пренесено и задржано на понатамошно лекување во Клиничкиот Центар во Тетово.
Двајцата осомничени се приведени и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа