Командант Фљамури: Првата победа на УЧК во Гошинце ни дава сила за други големи победи
Извесен командант Фљамури во името на УЧК ја презема одговорноста за вчерашниот напад на караулата кај Гошинце.
Во прилог ви го пренесуваме целото негово писмо преведено на Македонски јазик
„Дискриминацијата и репресијата врз Албанците во Македонија стана неподнослива. Декаденцијата, политичката неспособност, економската и културна дискриминација и социјалниот развој бараат повторно будење на УЧК.
Ги повикуваме сите службеници, особено Албанците веднаш да ги облечат униформите и да се приклучат на востанието.
Ги повикуваме на одреденото место и војниците веднаш да застанат на страната на народот а не на фашистите и олигарсите кои ќе ги однесат во смрт.
Ги повикуваме сите политички фактори веднаш да ги замрзант своите политички активности во Македонија.
Првата победа на УЧК во Гошинце ни дава сила за други големи победи.
Албанците очекуваат подобри времиња. Очекуваме поддршка од сите Албанци каде и да се“
Комадант Фљамури
Македонија
21.04.2015
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа