Штрајк на германските машиновозачи

 

Германските машиновозачи стапија синоќа во 48 часовен штрајк, барајќи зголемување на платите за пет отсто и намалување на работното време за еден час неделно, јавуваат германските медиуми, додавајќи дека со штрајкот се погодени милиони патници. 

Во регионалниот сообраќај наместо 805 ќе бидат ангажирани 244 возови, а според информациите од германските железници моменталната ситуација е стабилна. 

Кога станува збор за регионалниот и локалниот сообраќај, се очекува дека денеска и утре за време на штрајкот ќе сообраќаат 15 до 60 отсто од возовите. 

Кога станува збор за товарниот сообраќај, медиумите наведуваат дека штрајкот, чија основа е десетмесечниот конфликт во договорот за тарифи меѓу железницата и синдикатите, ќе трае до петок попладне. 

Ова е седми штрајк на машиновозачите во борбата за подобри услови за работа.

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега