Дознал дека е отпуштен од тренерското место додека коментирал меч на Би-Би-Си

Сега веќе поранешниот тренер на англискиот второлигаш Брајтон, на шокантен начин дознал за прекинот на соработката со клубот, и тоа во студиото на Би-Би-Си додека го коментирал натпреварот од Купот на конфедерации меѓу Нигерија и Шпанија. 

,,Ова е одлична приказна за БиБиСи. Менаџер остана без својата работа додека работеше како коментатор на пренос во живо и токму таму дозна за тоа. Па мене никој од клубот не ми кажа за ова, ниту ми испратија порака, ниту e-mail. Мислам дека јас сум првиот тренер кој се нашол во ваква позиција. После ова, јас дефинитивно ќе го тужам клубот'' - изјави Појет.

Причина за оставката е испаѓањето на клубот во полуфиналето од пејофот во првата англиска лига од тимот на Кристал Палас. Уругваецот по поразот во соблекувалната физички се обидел да се пресмета со некои од играчите од кои не бил задоволен од играта по што првично бил суспендиран а потоа и отпуштен.

 

најчитано сега