Брадата на Сулејман ја натера Хурем да си замине од серијата?
Нови шпекулации за актерката Мерјам Узерли од серијата „Величенствениот“, позната како Хурем, се дека таа наводно си заминала од серијата бидејќи не му ја сакала брадата на Величествениот.
Мерјам наводно одбивала да ги снима сцените со Сулејман велејќи: “Не можам веќе да ја поднесам неговата брада. Доста ми е! Две години ме гребе и ме иритира“.
Но се разбира дека брадата не ја прелила чашата, актерката решила да си замине бидејќи била лута и на продуцентите бидејќи добивала двојно помал хонорар од Сулејман.