Соросовите платеници со спремен напад врз Владата - подготвено го дочекаа инцидентот во липковско

 

Новинарите блиски до Соросовата фондација во земјава, спремно го дочекаа инцидентот кој се случи во Гошинце и веднаш преку  тотално неточни и невистинити тези пласирани преку медиумите започнаа со манипулации дека наводно власта се обидува нешто да фингира за да затскрие и потисне нешто друго, што е тотално неточно.

а координираноста на сето ова од еден центар од СДСМ и СОРОС говори и фактот што медиумите финансирани од Фондацијата на Владимир Милчин многу организирано по објавувањето на оваа информација за Гошинце излегоа со веќе спремен напад врз Владата.

На соросовите портали веднаш се појавија ставови, колумни, изјави од таканаречени експерти во обид да го оттргнат вниманието од нивното кукавичко и срамно однесување. Тоа не е можно доколку не биле спремни и подготвени за ова, реагираа уште пред објавување на информацијата, а по нејзиното објавување веднаш во рок од 5-10 минути имаа спремни вести, анализи, колумни...

Уште пред Заев да почне со ова срамно сценариор  и срамно одработување против сопствената земја,  постојано имаше предупредувања дека целта на овој мрачен лик е да се проба да се ослабе способноста за одбрана и безбедност и предизвикување на дестабилизација. 

На граѓаните им се кристално јасно дека  власта нема никаква причина да предизвикува некаква дестабилизација, бидејќи е во голема политичка предност пред опозицијата, и реализира програма и проекти кои дополнително го зголемуваат тој политички капитал.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 15:45
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега