Ќе се реконструира опожарената „Македонска пошта“

Зградата на Македонски пошти каде пред пет месеци избувна пожар ќе биде реконструирана, пренесе Дневник.

Огласот за реконструкција на опожарената Македонска пошта е веќе распишан, а фирмата ќе има за задача да  да го адаптира просторот во дирекцијата за да одговори на новите потреби на граѓаните во рок од една година.

Големиот шалтерски дел од фоајето ќе се пренамени и ќе добие нова функција, а со реконструктивниот зафат нема да биде обновен уништениот мурал на Борко Лазески, еден од основоположниците на македонската современа уметност и најистакнатиот македонски автор од посткубистичката епоха, пишува Дневник.

Инаку, пред пет месеци Македонска поштасе запали од неисправна електрична инсталација.

ФОТО: Дневник

најчитано сега