Пилотот истурил кафе, па активирал погрешен прекинувач - официјален извештај од инцидентот со авионот на Николиќ

Директорот на цивилното возухопловство на Србија (DCV) вчера го објави извештајот од инцидентот во авионот со кој претседателот Томислав Николиќ  патуваше за Ватикан. 

- На 17. 04. 2015 година авионот кој полета за Ватикан  принудно се врати на белградскиот аеродром поради активацијата на „emergency slot extension" прекинувачот, кога при понирње се изгаснал моторот број 3 кој е повторно бил запален после неколку минути. По нормалното слетување на белградскиот аеродром извршена е инспекција на DCV  со записник . По неколку дневна инспекција се извршени сите прегледи на авионот по законската процедура ММ и проба на моторот, пишува во извештајот на DCV.

Во извештајот е наведено дека  пилотот и копилотот  случајно го активирале прекинувачот „emergency slot extension. На пилотот му се истурило кафе и  тогаш почнал да брише со крпа и во тој момент случајно го стиснал прекинувачот. Авионот тогаш почнал да ја губи висината, но брзо била воспоставена контролата над леталото, пишива во извештајот. 

 

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега