Тачи нема да оди во Белград поради можноста да биде уапсен

Шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи и покрај подготвеноста да дојде во Белград, најверојатно тоа нема да го направи по најавата дека ќе биде уапсен.

Заменикот на косовскиот министер за надворешни работи Петрит Сељими за телевизијата „Клан Косова“ кажал дека, за жал, Србија не е подготвена да го остави  минатото зад себе“, бидејќи одлуката за апсење на Тачи потекнува од 1997 година.

-Ние веќе неколку дена потврдуваме дека Тачи е подготвен да замине за Белград, меѓутоа денеска добивме негативен одговор од државата Србија. Ова е само потврда дека официјален Белград и натаму ги почитува одлуките на Слободан Милошевиќ и за жал тие закони кои и натаму се во сила, рекол Сељими.

Селими истакнал дека властите во Приштина ќе ја информираат меѓународната заедница дека Србија не сака да се откачи од минатото на Милошевиќ, но еден ден тоа ќе се случи“.

Офицерот за врски меѓу Белград и Приштина Дејан Павичевиќ денеска одговори на барањето на Приштина за посета на Тачи на 24 април во Белград, информирајќи дека против него постои правосилна судска пресуда и дека ќе биде изведен пред надлежен суд, за Танјуг потврди Канцеларијата за Косово.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега