Емирот на Катар абдицираше во корист на својот син
Емирот на Катар, 61-годишниот шеик Јамад бин Халифа Ал Тани објави денеска дека одлучил да абдицира и да ја предаде власта на својот син, принцот Тамим.
Емирот изјави дека дошло време за „нова страница“ и „да ги предаде одговорностите на новото поколение“.
– Ви се обраќам на сите за да Ви укажам дека ја предавам власта на шеик Тамим бин Хамад Ал Тани, рече тој во обраќањето преку националната телевизија.
Новиот емир (33) ќе биде најмладиот лидер на држава меѓу монархиите од Заливот.
Западни медиуми јавуваат дека за одлуката постојат само гласини без да има официјално објаснување, но се смета дека шеик Хамад има здравствени проблеми. Аналитичари во Катар наведуваат дека не очекуваат големи промени во надворешната или внатрешната политика и Тамим најверојатно ќе почне процес за формирање нова влада.