Ревизорите на Жерновски цел месец не можат да најдат неправилности во Скопје 2014

Ревизорите кои Андреј ЖЕерновски ги ангажираше за да утврдат евентуални неправилности во проектот Скопје 2014 по еден месец работа, немаат ништо, пишува Утрински весник. Слаѓана Тасева и Драган Малиновски кои се финансираат со пари од општинскиот буџет според весникот, по еден месец работа, немаат конкретни резултати.
„Работиме според утврдена методологија со помош на логистика од администрацијата. Се' уште ги комплетираме документите, сите се на број иако се шпекулираше дека документација од проектот се изнесувала меѓу двата изборни круга. Немаме ништо конкретно, рано е да зборуваме за исходот. За дваесетина дена ќе информираме начелно дали и што утврдивме“, вели Драган Малиновски за Утрински

најчитано сега