Димовски: Заев вели дека ќе има крв на улиците, кој со кого треба да се закрвува?
Соочени сме со едно сценарио, со еден план којшто се појасно и појасно го гледаат граѓаните. Пред неколку месеци кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, почна да зборува на темата прислушкувани разговори, а после тоа и многу личности од политичкиот живот, експерти и аналитичари беа збунети и зачудени. Велевме не снимала државата, тие вела дека државата снимала.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, зборуваше за времето кога опозицијата беше на власт во Македонија и истакна дека враќањето назад на власт не е да предизвикаш насилство на улиците.
-Веќе и на малите деца им е јасно дека проект менаџерот на снимањето не дошол од државните органи, туку тоа е некој кој имал сосема друг интерес и концепт. На почетокот велеа дека не се познаваат со тие коишто учествувале во снимањето, потоа признаа дека се познаваат. На почетокот велеа дека им е важно граѓаните да ја дознаат вистината, експертите и аналитичарите велеа дека се влезени во многу сериозен филм да направат дестабилизација на државата, СДСМ негираше, рече Димовски.
Тој истакна дека Заев на локална телевизија во Охрид изјавил ќе има крв на улиците.
- Каде со тој памет? Кој против кого? Кој со кого треба да се закрвува, заради што? Заради политичка кариера? Враќањето назад не е да предизвикаш насилство на улиците. И тие кои се поддржувачи и кои гласаа за СДСМ се нормали луѓе, и тие нели се сограѓани и живеат со нас? И тие сакаат да имаат работа, безбедно да ги пратат своите деца на училиште. Мисли дека некој ќе излезе и дека ќе го поддржи во неговите планови и плановите на некои дваесетина луѓе околу него и околу таа фондација да направат дестабилизација на државата?, праша Димовски.
Тој истакна дека македонскиот народ знае да процени кој се бори за државата и кој се бори за личен интерес.
-Што СДСМ би одговориле на прашањето зошто во нивно време 600 фабрики биле затворени? Зошто во нивно време 200.000 луѓе останаа без работа, зошто не се градеа автопати во Македонија? Зошто не се реконструираа училиштата и не се градеа нови училишта? Зошто немаше субвенции за земјоделците, бесплатни учебници за учениците, партиципацијата на факултетите беше и до 2.000 евра и немаше превод на стручна литература за студентитеи? Зошто не се набави медицинска опрема за болниците во Македонија и не се градеа нови болници? Зошто немаше бесплатно ин-витро оплодување? Над 1.000 фамилии сега добија повеќе причини за среќа во животот од што било друго, потенцираше тој.
Димовски истакна дека има стотици прашања на кои луѓето немаат одговор за времето кога СДСМ беше на власт.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа