Прекин на сообраќајот Прилеп – Ресен, обиколница Битола

 

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин.

Возилата се пренасочуваат низ градот

Од АД Бетон известуваат дека поради изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, делницата од брана Маврово до село Маврово ќе биде затворена за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца почнувајќи од 16-ти овој месец.

Сообраќајот за лесни возила ќе се одвива по постоечка девијација согласно сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај одобрен од Министерство за транспорт и врски.

Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку село Леуново.

На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај село Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

На регионалниот пат Гевгелија - локалитет „Смрдлива вода" во местото „Длабок дол", сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради појава на свлечиште.

На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат село Просениково - село Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај село Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30 км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е содветна сигнализација.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец село Дурачка река – село Дренак во должина од 7 км.

На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 метри и поставени се знаци за предупредување.

На патниот правец Лакавица - Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ.

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега