Димовски: Се вработуваат луѓе, се градат патишта, болници, градинки, фабрики

 

ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Струга одржа трибина на која ги сумираше досегашните капитални проекти на Владата предводена од оваа партија, а најави и идни проекти за развој на струшкиот регион и на целата држава.

- Во последните неколку години успеавме да видиме дека во Македонија се градат фабрики, дека се вработуваат луѓе, се градат патишта, болници, градинки. Задачата на секој политичар е да обезбеди подобар живот за граѓаните. Оваа година за пет луѓе, следната за 15, во наредните години за уште повеќе, колку што се може повеќе. Сите граѓани можат да ја забележат разликата меѓу политичарите. Од една страна имате тип на политичари коишто работат да исправат работи кои со генерации наназад биле криво насадени. Сите знаеме каква држава, какво стопанство наследивме. Од друга страна имате сосема друг карактер на луѓе кои со генерации назнад биле навикнати, без избори, без легитимитет и без поддршка од граѓаните да владеат, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во обраќањето до Стружани.

Според него, снимените разговори не доаѓаат од раководните државни органи, туку како што рече, снимањето е правено од некој што имал сосема други интереси и концепт.

- На почетокот велеа дека не се познаваат со тие коишто учествувале во снимањето, потоа признаа дека се познаваат. На почетокот велеа дека им е важно граѓаните да ја дознаат вистината, експертите и аналитичарите велеа дека се влезени во многу сериозен филм да направат дестабилизација на државата, додаде Димовски.

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега