Милошоски до Заев: Со шпионирање не се станува премиер

 

И додека Заев најавува монтирани телефонски разговори премиерот Никола Груевски најавува нови  странски инвестиции, нови вработувања, нови проекти рече  пратеникот Антонио Милошоски на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ одржана во Струга. 

-  Со програма и нејзино остварување се станува премиер, а пораката и денес и утре до Зaев e дека со  шпионирање не се станува премиер. Затоа Заев за негова жал, а за среќа на РМ никогаш не бил и  нема да биде премиер затоа што ја шпионира сопствената држава, вели Антонио Милошоски пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните избраа тим кој гради и кој се грижи за нив, рече Илија Димоски  на трибината на ВМРО ДПМНЕ вечерва во Струга.

-Дали знаете дека кога овој тим на политичари ја презема одговорноста да раководи со РМ немаше ниту еден листа хартија, проект немаше, план немаше идеја немаше за реализација. Од една страна имате таков тим на луѓе таква политичка групација. Од друга страна имате сосема друга, друг карактер на луѓе навикнати со генерации наназад по наследство без избори без поддршка на граѓаните  да владеат, рече Димовски.

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега