Димовски: Македонија ќе продолжи да чекори сигурно, без разлика на обидите за дестабилизација

 

Македонија ќе биде стабилна и сериозна држава која што ќе се грижи за своите граѓани, за економскиот развој, за меѓународниот углед и ќе продолжи да чекори сигурно понатаму, без разлика на сите обиди, овој пат за жал внатрешни, за дестабилизација на државата, за креирање на едно насилно сценарио, за разноразни обиди за напад против институциите.

Ова се пораките кои вечерва ќе бидат испратени од Струга преку трибината на ВМРО-ДПМНЕ, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, во Дневникот на Сител, пред почетокот на трибината во Струга.

Според Димовски, веќе се оцртуваат две различни политички групации на сцената.

-Од една страна е СДСМ која зборува за дестабилизација, за негативни сценарија, за лоши политики, а од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ, која што константно без разлика на било какви удари и напади продолжува да зборува за конкретни проекти за граѓаните. Во овој струшко-охридски крај зборуваме за неколку фирми кои најавија свои инвестиции во овој регион, како ОДВ електрик, Костел, дел од нив почнаа веќе и да вработоваат да обучуваат луѓе. Зборуваме за инвестициите во инфраструктурата, веќе е реконструиран патот од Струга за Дебар, многу интензивно се гради автопатската делница од Кичево кон овој регион, проектирањето на делницата од Требениште кон Струга и многу други проекти кои што ги тангираа директно граѓаните на Струга, а се однесуваат на сите граѓани, како што се зголемување на социјалната помош, зголемување на платите на војската, на полицијата, на здравствените работници, на просветните работници, додаде Димовски.

Сите овие години наназад, рече Димовски, бевме постојано присутни меѓу граѓаните.

-Сме направиле десетици посети на секое македонско село, десетици посети на сите градови во Македонија и дирекно сме зборувале со граѓаните за многу проблеми. Секогаш кога сме ги завршувале ваквите трибини кога сме се враќале на своите работни места сме почнувале да размислуваме како да ги решаваме проблемите. Така и овој пат, но малку повеќе иницирани од овие непринципиелни и антидржавни напади кои ни се случуваат од внатре, сме присутни меѓу граѓаните за да зборуваме за она што навистина е приоритет за Македонија. Тимови на ВМРО-ДПМНЕ се постојано присутни и во поголемите и во помалите градови и во најмалите македонски села. Ние сме, како и досега, така и од сега, заедно со граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега