Шок: Надал испадна во првото коло на Вимблдон

 

Еден од најголемите фаворити за освојување на Грен Слемот Вимблдон, шпанскиот тенисер Рафаел Надал е елиминиран уште во 1.коло. 
 
Надал кој на светската листа котира на петтата позиција вечерва загуби од 135.от играч на АТП листата, Белгиецот Стив Дарсис со 3:0 (7:6; 7:6 и 6:4). Во првиот тај-брејк Надал освои четири, а во вториот сет осум поени.
 
Ова беше прва елиминација за Шпанецот во своите досегашни 35 настапи на Грен Слем турнирите.
 
Освен квалитетната игра противникот Надал имаше и видливи проблеми со повредата на коленото и неговите движења не беа брзи како вообичаено

најчитано сега