Сноуден не се појавил на летот за Хавана
Поранешниот работник на ЦИА, Едвард Сноуден, не одлетал на Куба иако така пишуваа светските медиуми.
Сноуден наводно требало да одлета на Куба, па во Венецуела и на крај во Еквадор каде што побарал азил, но не се појавил на патувањето.
Компанијата Аерофлот подоцна потврдила дека Сноуден не е во авионот.
"Можноста за давање азил на Сноуден моментално се анализира", изјавил Рикардо Патино, шеф на дипломатијата на Еквадор, земја која веќе одобрила азил за Џулијан Асанж.