Бартон го исмејува Нејмар на Твитер

Англискиот фудбалски интернационалец Џои Бартон не престанува да се шегува на сметка на бразилскиот ас Нејмар. Имено извонредните партии на Купот на Конфедерации на Бразилецот воопшто не стигнуваат до Бартон кој постојано го критикува и се шегува на сметка на Нејмар на социјалната мрежа Твитер.  

 

„Заминав на вечера. Слушнав дека Нејмар постигнал погодок. Луѓе, тоа е само Куп на конфедерации и дуел со резервистите на Италија. Опуштете се, ве молам!“, напиша Бартон, кој своевремено го нараче Нејмар, фудбалски Џастин Бибер.

„Доколку ме увери дека е добар играч ќе проголтам се што досега сум рекол. Дотогаш пријатели, тој е на проба“, додава фудбалерот на Марсеј.

Темпераментниот Англичанец се потсмеваше и на телесната тежина на бразилскиот напаѓач: „Нејмар има 53 килограми. Какво сра*е е тоа? Дали е можно?“

најчитано сега