Бројот на загинати во автобуската несреќа во Црна Гора се зголеми на 19 лица

 

Бројот на загинатите романски државјани во вчерашната несреќа до која дојде кога автобус се преврте во провалија длабока 40 метри во Црна Гора, се зголеми на 19 лица.

Возачот на автобусот со романски туристи од засега непознати причини ја загубил контролата врз возилото, кое излетало во провалија на магистралниот пат Подгорица-Колашин, во близина на манастирот Морача. Повеќето од патниците се возрасни луѓе, кои биле на туристичко патување на релација Србија-Хрватска-Црна Гора.

 

најчитано сега