Пешевски: Ние носиме странски инвеститори кои вработуваат, СДСМ соработува со странски служби

Вицепремиерот Пешевски на синоќешната трибина во Свети Николе се осврна на реализираните инфраструктурни проекти, но и на мерките кои во текот на изминатите години придонесоа да се намали стапката на невработеност и да се создадат нови работни места преку инвестиции како од домашните, така и од странските инвеститори.

- Создадовме над 170 илјади нови работни места. Ние знаеме дека не е решен проблемот со вработувањето и со висината на платите на нашите граѓани, но работиме да се создадат подобри услови и подобра егзистенција, рече Пешевски.

Тој потсети дека се изградени и реконструирани регионални и локални патишта, дека се обновени двата аеродрома и дека аеродромот во Петровец е прогласен за најдобар аеродром за два милиони патници.

Пешевски истакна дека ќе продолжи проектот за изградба на автопатиштата.

- Од опозицијата сакаат да го омаловажат овој проект, но експертите велат дека токму за овој проект за изградба на автопатиштата ние имаме добиено најдобри услови со тоа што успеавме да ги вклучиме и домашните компании во нивната изградба, а цената е најниска која ја имаме во споредба со изградбата на други автопатишта во регионот, нагласи вицепремиерот Пешевски.

Пред граѓаните тој се осврна и на телефонските разговори кои ги пласира опозицијата. 

- Немојте да имате загриженост за безбедноста на државата без разлика што опозицијата прави. Концептот кој го нуди СДСМ досега не го видов. Во нивните политички програми од 2006 година па наваму на сите избори не видов проекти за подобрување на стандардиот на граѓаните. Она што сега се нуди е како всушност како тие ја гледаат државата. Значи тие нудат проект со кој соработуваат со странски служби, проект со кој влегуваат во приватноста на разговорите на илјадници граѓани, а тоа е проект кој е базиран на нелегално стекнати материјали, рече Пешевски.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега