На Македонската берза се воведува нов тип налог, а се модифицира постојниот лимитиран

 

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 67-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска, даде согласност на измените и дополнувањата на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, со кои се воведува нов тип на налог- налог по најповолна цена и истовремено се врши модифицирање на постојниот лимитиран налог.

 

Налогот по најповолна цена е наменет за оние клиенти кои се подготвени да му дадат на брокерот право да одлучи кога ќе го реализира истиот. Имено, налогот е без дефинирана цена, но соутврденаколичина од страна на клиентот. Брокерската куќа или овластената банка одлучува кога и по која цена ќе го реализира налогот, при што важат ценовните ограничувања за определената хартија од вредност.

 

Со измените кои се вршат во однос на начинот на извршување на лимитираниот налог се воведува можноста клиентот да даде специфични инструкции за реализирање на лимитираниот налог, како и се доуредува обврската на брокерската куќа или овластената банка да ги преземе сите неопходни активности за извршување на налогот под услови кои се најповолни за клиентот, земејќи ги предвид цената, трошоците, начинот и брзината на реализирање,вредноста и карактеристиките на налогот на  клиентот и други околности кои се важни за неговото извршување.

 

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на седницата што се одржа денеска на 15 април, 2015 година издаде една дозвола за работење на брокер.

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега