Во општина Илинден отворена канцеларија на Агенција за поттикнување на развој на земјоделството

 

Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството отвори дисперзирана канцеларија во општина Илинден. Канцеларијата се наоѓа во зградата на општината, а ќе овозможи доближување на администрацијата до граѓаните, соработка со здруженијата на земјоделците и единиците на локалната самоуправа.

- Земјоделците  ќе добијат своја канцеларија во која најблиску и по најкус пат ќе ги добиваат потребните информации и помош од администрацијата за можностите што ги нудат повеќето програми, соопштија од Општина Илинден.

Услугите што ги нудат стручните служби на Агенцијата   се советодавни во земјоделството, од сите области, совети за субвенции, ИПАРД, програмите за рурален развој, за млад земјоделец, за добра земјоделска пракса, подготовка на документи, барања, апликации,...

Канцеларијата работи од 08:00-16:00 часот секој работен ден, од понеделник до петок.

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега