Исчистени канали и навремена сеидба на оризот во Кочанско
Секундарната и основната каналска мрежа во кочанско-виничкиот регион се подготвени за испорачување вода до полињата, а тоа значи дека на 18 април ќе почне најавената сеидба на оризот во атарот на Оризарско поле, рече денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски по посетата на овој крај.
Костадиновски разговараше со земјоделците од Чешиново-Облешево за подготвеноста на полињата, исчистената секундарсна мрежа и десниот магистрален канал кои беа зафатени од поплавите и излевањето на Брегалница во февруари, напоменувајќи дека токму чистењето на каналите бил и еден од заклучоците на Владата која ја обезбеди потребната механизација за навремено завршување на активностите, пред стартот на пролетната сеидба на оризот
И во виничкиот крај каде што се планирани 1.000 хектари ориз, каналската мрежа е исчистена и сеидбата може да почне навреме.
Заменик министерот информира дека на утрешната средба меѓу Водната заедница од Виница и Водостопанство Брегалница во Кочани, ќе се договори стартот на наводнувањето во Виничко.
Во регионот под ориз пролетва ќе бидат насеани 4.200 хектари од кои во Кочанско 2.500. Земјоделците и пролетва ќе ги користат проверените сорти ориз, но и новите турски кои експериментално, втора година се одгледуваат во Кочанско поле
Оцени ја веста
15.04.2015 - 14:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа