Забранета за пиење водата од изворот во гевгелиско Ума

 

Републичкиот институт за јавно здравје ја забрани употребата на водата за пиење од каптираниот извор на гевгелиското планинско село Ума.

Преку соопштение дистрибуирано од регионалниот центар за управување со кризи, се информираат локалните жители на селото, граѓаните на општина Гевгелија, како и многубројните викенд туристи и планинари, дека водата од изворот не одговара на законските и стручните прописи во однос на бактериолошките анализи.

Резултатите од направените анализи покажале присуство на значително зголемен број бактерии поради што водата времено е забранета за пиење. За повторна употреба на водата од селскиот извор во Ума се препорачува вршење редовна дезинфекција во периодот до следното испитување

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега