СВР Велес: За пожарот во Којник осомничен 33 годишниот Ј.Ј.
Според СВР Велес, 33-годишниот велешанец Ј.Ј. е осомничен дека го предизвикал синоќешниот пожар во куќата во која живеел во велешки Којник.
- Ј.Ј. со пожарот предизвикал општа опасност, за што полицијата до судот утре ќе поднесе и соодветен прекршочен поднесок, информира Ненко Александров од СВР Велес, пренесува МИА.
Пожарот избувна синоќа околу 21 часот во стар дел од куќа на улица „Кирил Пејчиновиќ“ бр.13, во месноста Којник во Велес, а во која живеел осомничениот.
Во пожарот од керамидите на покривот излегувал силен оган и имало опасност да бидат зафатени електричните кабли на бандерите и соседните куќи кои се залепени една до друга во густо населениот Којник.
Сепак со брзата интервенција на пожарникарската екипа од Противпожарната единица од Велес пожарот по два часа бил целосно изгаснат, велат од велешката полиција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа