Изгоре автобуска постојка во Ѓорче
Изгоре автобуска постојка лоцирана спроти зградата на општина Ѓорче Петров. Според податоците, пожарот на улицата „Ѓорче Петров“ избувнал синоќа во 21 часот и 45 минути поради несовесни граѓани. Пожарот го забележал општинскиот чувар кој интервенирал со апарат за гаснење со што спречил и поголема штета затоа што на само три метри од постојката се наоѓа семејна куќа.
Од Општина Ѓорче Петров потсетуваат, дека последниов период гореа и контејнери, се крадат и ново засадени млади дрвца на повеќе локации во општината, се корнат ново засадени цвеќина, се кршат сијалици од уличното осветлување, табли од кошеви, клупи, корпи за отпадоци...
- Тоа е, за жал, секојдневие со кое се справува општината, но и покрај брзите интервенции од општинарите, сепак не се довјасуваат овие вандалски чинови. По се изгледа дека единствено решение е воведување на високи мандатни казни за сторителите затоа што не сакаме да го чуваме она што ни е заедничко, се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров, пренесе МИА.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа