Заев фатен во тесно - вистината на виделина со завршувањето на истрагата за „Пуч“
Со завршување на истрагата на Јавното Обвинителството за случајот „Пуч“ во кој меѓу осомничените е и опозицискиот лидер Зоран Заев вистината излезе на виделина и се разјаснија многу работи.
Во јавноста веќе нема сомнеж дека Зоран Заев соработувал со странски центри, кои пак со агентурна мрежа од државава вршеле прислушкувања. Главната работа, според сите изнесени докази досега на домашен терен ја вршел разузнавачот Зоран Верушевски, чиј адвокат и сам призна и не ја отфрли вината дека се вршело прислушкување за кои самите државни органи не знаеле.
Имено, адвокатот Ангеле Илиевски кој го застапува првообвинетиот во случајот „Пуч“, во средата во име на Верушевски самиот реле дека МВР била виновна што не обезбедила комплетна заштита, со што може да се извлече заклучок дека адвокатот го призна делото поради кое Верушевски се товари.
-Го објасни целокупниот систем на безбедност, како функционира и како треба да функционира и каде е грешката. Дека не грешката кај него туку што МВР не си обезбедува комплетна заштита, рече адвокатот.
Ова признание е трето по ред по експлицитните две признанија на петто и шесто осомничените во случајот „Пуч“. Од друга страна, на Заев цели 5 часа му беа презентирани доказите од обвинителството за случајот, а опозицискиот лидер потоа наместо да даде некаква конкретна изјава, даде коментар дека не требал тој да одговара пред законите туку премиерот Никола Груевски и шефот на УБК Сашо Мијалков, при што не ја објасни нелогичноста како и зошто, ако не биле странци, Груевски и Мијалков самите би се снимале.
Во последниве неколку недели стана јасно дека невозможно е Груевски и Мијалков да прислушкувале, особено што се дозна дека мета бил единствено државниот врв, како и фактот што Заев емитуваше материјали од наводни разговори од Сашо и Влатко Мијалков.
Ескпертите се децидни дека нелогично е самите Груевски и Мијалков да се прислушкувале самите себеси. Од друга страна, Заев изминатиов период кажа уште една лага. Имено, претседателот на СДСМ иако претходно за петто и шесто осомничените рече дека се патриоти и фактот што од фатената комуникација меѓу Верушевски и петтоосомничениот јасно се гледа дека тие добро го познавале Заев и биле свесни дека креираните материјали со посредство на странските центри завршиле во рацете на Заев, сега Заев изјавува дека не ги познава и се пере од одговорност откако стана јасно дека се фатени во тесно и сценариото им се распрсна.
Заев полека, но сигурно, ги признаваше еден по еден од доказите кои што истекуваа во јавноста. Го призна разговорот во премиерскиот кабинет, каде вели дека соработувал со странски служби, а и каде признава и дека знаел од анкетите дека ќе загуби 200 илјади разлика на изборите.
Потоа призна дека го познава Верушевски и дека не само што го познава, туку и дека се допишувал со него. Па и дека му набавувал компјутери и автомобили на семејството, „за да им помогне во неволја“. Признавајќи го писмото, напишано на рака, ги призна и контактите со странска влада, како „пријатели од надвор кои чекаат“.
Потоа Заев за добиените материјали велеше дека се од луѓе, патриоти, добротвори, херои, кои заслужуваат стоечки овации, за денеска да се откаже како Јуда од нив, велејќи дека не ги познава.
Во меѓувреме, Заев беше на слобода, но без пасош, а пред очи му беа информациите за доказите против првоосомничениот Зоран Верушевски. Заев знае за фатената дешифрирана комуникација меѓу Верушевски со двајцата „снимачи“ на разговорите. Заев знае за признанието на двајцата во кое стои дека снимале по налог на Верушевски за странски служби што било доволно да помислат дека ништо нема да излезе во јавност. Заев знае и дека за едниот од нив веќе има пресуда по признание на делото.
Фатен во тесно, Заев повторно се сопнува на сопствените лаги и измами. Разголено е неговото сценарио за дестабилизација, внесување на криза и рушење на системот.
Курир
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа