ЕВН добитник на наградата за општествено одговорна компанија
ЕВН Македонија и годинава е добитник на награда на манифестацијата, “Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на претптријатијата“, која ја организира Министерството за економија заедно со националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата.
За прв пат во традицијата на постоењето на наградата, ЕВН Македонија доби плакета во категоријата односи на пазарот и тоа за проектот “Континуирано подобрување на услугите”. Се работи за програма за подобрување на услугите на компанијата која во центарот на своите активности го има корисникот. Преку повеќе различни методи, мислењето на корисниците беше евидентирано, анализирано, а нивните сугестии во голем дел беа реализирани во рамки на организацијата. Согласно анализите, произлегоа дваесет проекти за подобрување на најразлични процеси и услуги, како на пример: информирање, обештетување, едукација, итн.
ЕВН Македонија ова специјално признание, односно плакета за општествена одговорност ја смета како дополнителен поттик за понатамошно подобрување на услугите за корисниците, но и општествено одговорно делување во сите области.
Министерството за Економија традиционално ги доделува овие награди на македонските компании. Годинава Националната награда е дел од иницијативата поддржана од Европската комисија - „Европски систем на наградување на општествена одговорност на претпријатијата".