Европската комисија го чека извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во Албанија

Европската комисија денеска одби да ги коментира инциденти што завршија со една жртва и многу повредени за време на вчерашните парламентарни избори во Албанија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролот на Комисијата, Петер Стано, посочи дека неформалната Влада на Европската унија го чека извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за да може да излезе со официјален став за изборнито ден кај земјата-потенцијален кандидат.

- Комисијата ги нотираше случувањата на изборниот ден во Албанија, но коментар ќе дадеме подоцна кога ќе го имаме извештај од Организација за безбедност и соработка во Европа што го мониторираше процесот. Денеска или утре ќе дадеме официјален коментиа за изборите во оваа земја, посочи портпаролот Стано.

Како што е познато, Албанија како земја што е потенцијален кандидат за членство, одамна чека да го добие кандидатскито статус кој во голема мера зависеше и од тоа како ќе протече вчерашниот изборен ден.

Поради низата нерегуларности и инциденти, пропратени и со чудно прославување на победата и на власта и на опозицијата, за очекување е да се влоши состојбата на нашиот западен сосед во односите со официјален Брисел.

ФОТО: Комуникација