Плаошник и Свети Наум најпосетени за Велигден
Манастирот “Свети Наум”, Светиклиментовиот храм на Плаошник и средновековните цркви во древниот Охрид се главните локалитети кои деновиве ги посетуваат верниците, објави Канал 5.
Илјадници туристи го прошетаа и стариот дел на градот, Самоиловата тврдина, Златната соба, амфитеатарот, но во убавото пролетно време посебна магија се излетите на Заливот на коските во Градиште.
Праисториската населба на вода останува на врвот на листата и за домашните и за странските туристи.
-Секоја година посетеноста во Музејот на вода се повеќе се зголемува, исто така посетени се и другите објекти како Самоилвата тврдина, Плаошник.Практично секој што ќе влезе во Музејот на вода се воодушевува од она што ќе го види , вели Тања Паскали Бунташеска директор на Завод и музеј Охрид.
Според слободните проценки во Охрид деновиве престојуваат десетина илјади туристи од земјава и странство. Најбројни се туристите од регионот Србија, Бугарија, Црна Гора но има и многу групи од Чешка, Украина, Романија и Полска.
-Прв пат доаѓам. Воодушевена сум ќе доаѓам секоја година. Ни беше чест ви благодариме, вели една гостинка од Црна Гора.
-Ова ми е четврт пат да доаѓам во Охрид Воодушевена сум со гостопримството, вели друга гостинка од Црна Гора.
-Многу сум воодушевена од географската положба, љубезноста и природните убавини со храната, вели гостинка од Црна Гора.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа