Пред да седнете во автомобил прочитајте ја оваа вест
Забраната за сообраќај поради свлечиште на патниот правец А-3 Ресен-Прилеп, обиколница на Битола, е укината и сообраќајот е нормализиран за сите видови моторни возила.
На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран.Од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.
Сообраќајот насите државни патишта во моментов се одвива по претежно суви коловози.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа