Денеска е втор ден Велигден- за многу години

 

Православните верници денеска го слават вториот ден од Христовото Воскресение. По овој повод Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ - Центар. 

Воскресението Христово беше објавено завчера на полноќ во сите храмови на Македонската православна црква.

Велигден е спој на верата и традицијата, а почнува на Велики четврток пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли - христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.

Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе

 

 

Оцени ја веста

13.04.2015 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега