3.000 евра од Владата за секое ново отворено работно место

 

Владата ќе го стимулира отворањето на нови работни места преку обезбедување на поволни кредити наменети за микро и за мали претпријатија. Огласот започнува денска и ќе трае десет дена. Право на учество имаат микропретпријатија што имаат до 10 вработени и мали претпријатија што имаат до 40 вработени.

За оваа владиа мерка и веќе објавената мерка за кредитирање за самовработување на невработени лица, како дел од владините мерки за намалување на невработеноста, се предвидени пет милиони евра на годишно ниво.

За реализација на владиниот проект самовработување со кредитирање, предвидени се околу 2,5 милиони евра, кои ќе бидат наменети за отварање на околу 500 бизниси. Со оваа мерка за секое новоотворено работно место за дејности од помал обем се предвидени  по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 3 работни места. За дејности со поголем обем за кредитобарателот 5.000 евра, за најмногу 5 вработени по 3000 евра. Грејс период за враќање на средствата е една година, додека каматната стапка од 1 отсто на годишно ниво.

Доколку постои голем интерес за поголем број вработувања, од Владата најавуваат дека во интерес на граѓаните ќе се зголеми финансискиот план.

Од Владата информираат дека секое ново работно место ќе може да биде финансирано со по три илјади евра, а најмногу ќе може да се финансираат три нови работни места, или ќе може да се добијат девет илјади евра. Периодот на враќање на средствата е три години, со една година грејс-период и каматна стапка од еден процент.

-Претпријатијата што ќе аплицираат за овие средства ќе можат да избираат меѓу две опции, и тоа да наведат лице што во евиденцијата на Агенцијата за вработување се води како невработено во период најмалку од три месеци и да се аплицира за добивање средства за вработување на тоа лице или бланко да се поднесе апликацијата до Агенцијата, од каде што по службена должност ќе биде обезбедена листа на луѓе со соодветни квалификации што би можеле да ја извршуваат работната позиција во согласност со барањето на претпријатието, објасни портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев вели дека компаниите кои ќе ги искористат овие средства ќе имаат обврска во период од 36 месеци да не го намалат бројот на своите вработени. КОмпаниите ќе имаат обврска да го задржат лицето кое го вработиле, а доколку го отпуштат, ќе треба да вработат друго лице.

најчитано сега