Честитка од ВМРО ДПМНЕ: Нека овој Велигден биде нов поттик за заедништво и зближување

 

ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

- Денеска се прославува најголемиот христијански празник, ден кога верниците се радуваат на победата на животот над смртта. Овој празник е најсветлиот ден во годината кој одново ја воскреснува надежта за подобар живот и подобро утре. Нека светлоста и блаженството на овој ден ги огрее домовите и срцата на верниците, а радоста нека се сподели со најближните, пријателите и соседите, се вели во честитката.

Во Македонија, се додава во честитката, со векови сме покажале дека умееме заеднички да се радуваме и духовно да се обединиме во празнувањата, водени од традицијата, заедничките вредности, духот на толеранцијата и разбирањето.

- Нека овој Велигден биде нов поттик за заедништво и зближување. Само така ќе можеме да продолжиме да го градиме патот кон подобра иднина, благосостојба на сите граѓани и личен и заеднички напредок. Само така ќе ја постигнеме нашата единствена цел да ја изградиме Македонија и духовно побогата и попросперитетна. Нека Бог ја благослови нашата татковина Македонија. Нека е честит и за многу години празникот Велигден. Христос воскресе, навистина воскресе, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ до православните верници

 

 

Оцени ја веста

12.04.2015 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега