И Виена на нозе - протести за поддршка на Ердоган
Неколку илјади луѓе учествуваа во демонстрациите во Виена за поддршка на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Се работи за 8.000 лица кои протестирале на улиците во Виена со слики од турскиот премиер и турски знамиња.
Инаку, протестите во Турција почнаа пред три недели по бруталната интервенција на полицијата против група еко-активисти, кои протестираа против градењето на паркот Гези на плоштадот „Таксим“ во Истанбул.