Град Скопје: Кај ЗОИЛ исечена липа на барање на жителите
Градот Скопје денеска реагира на информациите за сечење дрвја на улица „11 Октомври” односно наспроти некогашен ЗОИЛ.
- Сакаме да ја информираме јавноста станува збор за едно дрво од вид липа, кое било исушено и истото е исечено на барање на жителите на околните згради. Дополнително, решение за сечење на ова дрво е дадено пред една година и неговата реализација е извршена деновиве, стои во соопштението од Град Скопје.
Оцени ја веста
11.04.2015 - 13:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа