Градоначалникот Стојановски на средба со жителите- му предложија идеи за нови проекти
Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски и неговиот тим на соработници, вчера остварија средба со жителите на Бучинци, Бујковци и Миладиновци.
На средбите присуствуваа и членови од Советот на општината, директорите на јавните претпријатија и јавните општински образовни институции и раководителите на одделенијата во општинската администрација. Средбите се одржаа во Домот на култура „Бучинци”, во Домот на култура „Бујковци” и во ОУ „Браќа Миладиновци” во Миладиновци.
На средбите граѓаните укажаа на одредени проблеми во нивните населени места, а средбата со градоначалникот ја искористија и да предложат некои свои идеи за реализација на нови проекти.
Од дискусиите на овие средби произлегоа и приоритетните, пред се инфраструктурни проекти, што веднаш на почетокот на градежната сезона ќе почнат да се реализираат во овие населени места.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа