ФОТО: Стефани исчезна на една недела пред својата свадба - наместо веселба семејството подготвува погреб

 

26 годишната Стефани Скот овој викенд требало да се омажи со своето момче Арон Лисон Вули во Нов Јужен Велс, Австралија. За венчавката во Австралија доаѓале гости од Европа, од Дубаи и од други страни на светот - но сега се подготвуваат за погреб!

275B428500000578-3029568-image-a-16 1428451869914

 

Стефани последен пат била видена во неделата на своето работно место во училиште во Литон, каде ги правела последните подготовки за деновите кога ќе отсуствува од работа. Минатиот викенд го поминала во шопинг за претстојниот меден месец кој требало да го помине на Тахити. Нејзиното семејство тврди дека била толку среќна што ќе се омажи со својата љубов, што нема шанси да избегала во последен момент.

Во неделата вечерта требало да се сретне со Арон на вечера. Не се појавила. Веднаш е почната потрага по неа, но безуспешно. Наместо да ги сместуваат гостите, нејзините родители изнајмиле хеликоптер кој ќе ја пребарува околината во потрага по Стефани.

cetiri-285-

По неколку дена неизвесност, денеска полицијата соопшти дека се сомнева дека Стефани е убиена, и за убиството го осомничи 24 годишниот Винсент Стенфорд.

27635E5A00000578-3031361-image-a-20 1428543147441

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега