Чех меѓу стативите на Интер?

 

Голманот на Челзи Петр Чех следната сезона најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Интер, пишува „Кориере дело Спорт“.

Според информациите на овој весник, челниците на Интер го загубиле трпението со првиот голман Самир Хандановиќ и не можат повеќе да го чекаат да се согласи на продолжение на соработката.

Тоа значи дека Словенецот по завршувањето на сезоната ќе биде продаден, а интерес за неговите услуги има од неколку екипи од Англија и Шпанија.

Како што објави „Кориере дело Спорт“ Чех со Интер ќе потпише двегодишен договор, со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона и ќе стане прв голман на тимот од Милано.

Истиот весник тврди дека трансферот е договорен, а се чека само дозвола од менаџерот на Челзи Жозе Мурињо.

Чех го загуби местото прв тим на лондонскиот тим по доаѓањето на младиот Белгиец Тибо Куртоа.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега