Антиќ го бранел Сефалоша, поради тоа бил приведен од полицијата

Перо Антиќ бил приведен во полициска станица со лисици на рацете бидејќи го бранел соиграчот Табо Сефалоша.

- Двајцата кошаркари не ни дозволуваа да го заградиме местото на злочинот иако се поместија за неколку чекори. Кога побаравме да се тргнат за да може да се спроведе истрагата, Сефолоша стана агресивен. Четворица полицијаци се обидувавме да го смириме, а потоа моравме и да му ставиме лисици на рацете, но тој клоцаше и употреби сила. Антиќ не му дозволи на еден од моите колеги да го уапсат Сефолоша, па моравме и него да го приведеме – изјави Џон Пол Џианкона, полицаец кој бил на местото на настанот веднаш по инцидентот.

Инаку, пресудата за овие двајца кошаркари се очекува да биде на 16-ти јуни.

Во инцидентот кој се случил пред ноќниот клуб „1ОАК“ во Њујорк избоден е кошаркарот на Индијана Крис Коуплент, неговата свршеница, како и уште една жена.

Антиќ и Сефолоша, кои биле во непосредна близина, беа упасени поради попречување службени лица во униформа.

 

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега