Директор на средно училиште спиел со 12 илјади проститутки

 

Поранешен директор на училиште во Јапонија, кој наводно платил за секс со дури 12 илјади жени за време на неговиот престој на Филипините, е уапсен поради сомнеж дека најмалку една женска личност имала 13 години, пренесува AFP.

Јухеи Такашима, според пишувањето на јапонските и останатите странски медиуми, наводно внимателно собрал речиси 150 илјади фотографии од своите сексуални авантури за период од 27 години. Фотографиите ги сортирал во околу 400 албуми затоа што сакал „да ги зачува сеќавањата“.

После апсењето, 64-годишниот Такашима на полицијата ѝ рекол дека почнал да плаќа за секс откако бил префрлен во јапонско училиште во Манила во 1988 година. Веднаш после преместувањето, поранешниот директор секоја година планирал три секс патувања, што довело до 65 посети на Филипините.

За време на тој период, имал сексуални односи со дури 12 илјади жени, на возраст измеѓу 14 и 70 години. Не е познато колку траеле неговите „патувања“ и колку жени имал на секое од нив, но просекот упатува дека имал секс со повеќе од една жена секој ден во својот живот.

Такашима ѝ признал на полицијата дека десет проценти од жените со кои имал секс биле малолетни. Тој бил уапсен поради секс со девојче во Манила во 2014 година која имала измеѓу 13 и 14 години.

Јапонските власти имаат можност за гонење на одделни криминални дела кои се направени надвор од јапонската територија.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега