Инциденти во Чаир - во пресметка меѓу „Грофови“ и „Шверцери“ настрада автобус
Вчерашната пресметка во футсал купот меѓу шампионот Железарец и второлигашот Кратово заврши онака како што се и очекуваше, со триумф на фаворитот од 11-3. Она што го одбележа мечот кој се играше во скопски Чаир се немилите сцени и инциденти што се случија помеѓу навивачките групи „Грофови“ и „Шверцери“, акои беа предизвикани од навивачката група од Чаир. Според нашите информации, навивачката група „Грофови“ во бројка од околу 80 навивачи коректно го бодрела гостинскиот клуб, се додека во второто полувреме во салата не пристигнала малубројна група „Шверцери“, кои предизвикале инцидент. Притоа дошло до контакт на двете групи, при што имало размена на тупаници, а посериозно настрадал и еден гледач од Кратово, кој со повреда на лицето завршил во болница. Откако „Шверцери“ успеале преку инсценирање инцидент да ја остварат намерата, а тоа било да ги украдат навивачките транспаренти на „Грофови“, полицијата успеала да ги отстрани од салата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа