Нонковиќ: Петрит Сарачини ме нападна со метална прачка

Петрит Сарачини со метален статив за камера ме нападна во просториите на МИМ. Ова во изјава за медиумите го кажа дописникот на МИА од Брисел, новинарот Бобан Нонковиќ.  Вели дека синоќа околу 18 часот бил во МИМ каде е на постдипломски студи, случајно се сретнал со Сарачини кој почнал да го навредува. Нонковиќ вели дека не реагирал на провокациите што дополнително го иритирало Петрит, кој во еден момент го земал стативот и почнал да вика “сега ќе те убијам”.

Нонковиќ вели дека со ништо не го испровоцирал, но претпоставува дека причина за нападот се  опозициски ставови на Сарачини. Според него слабиот ефект кој на терен кој го имаат политичките бомби на Зоран Заев се мотив за агресивното однесување на про опозициските активисти. 

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега