ВНИМАВАЈТЕ: Овие бои за јајца се отровни

 

Боите за јајца кои се продаваат по пазарите на рефус, без соодветна амбалажа и упатство за користење, се опасни и можат да предизвикаат и трајни оштетувања. Особено се опасни боите кои имаат арсенови соли, предупредуваат од Дирекцијата за храна.

Боите кои се продаваат на пазарите на лажиче се набавуваат од Србија и Бугарија и од тамошните инспекциски служби има информации дека се работи за текстилни бои, а не бои за храна.

Овие бои можат да бидат опасни за здравјето, предупредуваат докторите, затоа што токсичните метали кои ги има во боите, можат да навлезат дури и во жолчката на јајцето.

Од Дирекцијата за храна апелираат до граѓаните да не купуваат рефус бои за јајца, туку да ги користат оние кои имаат амбалажа и на кои стои упатство за користење.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа