Полицаецот кој уби невооружен маж отстранет од работа
Градоначалникот на Норт Чарлстон, Кит Сами изјави дека полицаецот кој застрела невооружен црномурест маж во Јужна Каролина е отстранет од работа.
За 33-годишниот Мајкл Слејгер вчера беа подигнати обвиненија за убиство откако беше објавен видео-материјал на кој се гледа како тој убива со неколку истрели во грбот на 50-годишниот Волтер Скот.
Слејгер кој е приведен, може да добие смртна казна или затворска казна од 30 години.
За вечерва во градот е упатен повик за денострации. Во градот веќе неколкупати имаше спонтани протести против полициското насилство.
Оцени ја веста
09.04.2015 - 15:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа